Живот
22. September 2016 - 12:40

Пеколот на хероинот: Двегодшно девојче ја буди дрогираната мајка онесвестена во супермаркет

Последните неколку недели светската јавност е згрозена од шокантините фотографии на луѓе предозирани од хероин.

Американската полиција пред десетина дена објави фотографија на двојка како во несвесна состојба, предозирани лежат на предните седишта од автомобилот, додека на задното седиште седи дете.

Новата шокантна снимка доаѓа од градот Лоренс во државата Масачусетс. На снимката која ја направил и објавил непознат маж, се гледа како целосно дрогирана жена лежи на подот во супермаркетот. Покрај неа е двегодишната ќерка која се обидува да ја разбуди.

Додека плаче детето, мајката без звест лежи на подот. Итната помош брзо стугна, а на жената, велат сведоци, во чантата и бил пронајден хероин.

Погледнете го видеото: