Македонија
9. July 2015 - 10:04

Пеколно време и за викенд - Еве какви ќе бидат температурите

Жолтата алертна фаза ќе се задржи и во текот на викендот. Во петок претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата која ќе се движи помеѓу 28 и 35 степени.

Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура. 

Инаку, времето денеска ќе биде сончево и многу топло, особено во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кои ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови од земјата. Температурите до 39 степени.