Свет
6. July 2018 - 9:28

Пеколно во Канада, горештината уби 33 лица: Ова е најголем топлотен бран во последниве децении

Во топлотниот бран кој го погоди јужен Квебек животот го загубија 33 лица, соопштија канадските официјални власти.

Тие апелираа на жителите да внесуваат поголемо количество вода и да престојуваат во сенка.

Повеќето жртви се меѓу 50 и 80 години, а бројот на жртвите расте од ден во ден.

Ова е најголем топлотен бран во последните неколку децении во Квебек, наведоа официјалните лица.

„Правиме се што е во наша моќ“, рече градоначалникот на Монтреал Валери Плант.

Градот отвори базени и климатизирани простори за жителите.

Најголем број жртви од топлотниот бран имаш во Монтреал, 18 од вкупно 33, рекоа официјалните лица.