Пеколни температури во Македонија
Земјава денеска ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза. Температурата ќе се искачи до 38 степени целзиусови, поради што се апелира до граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце се препорачува носење на заштитни очила и капа.
Препораката од Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури при Министерството за здравство е во текот на ваквите екстремно топли денови, граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
Се препорачува консумирање лесна храна и течности, а посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и да се избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, се препорачува возилото одреден период да се проветри.
Синпотичарите од денеска до недела најавуваат сончево и многу топло со максимални температури над 35-тиот степен. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени