Македонија
23. јуни 2021 - 19:54

Пеколни горештини - ќе има ли ослободување од работа за одредени категории работници?

Работниците да се заштитат од топлотниот бран што ја зафати земјава апелира ССМ. Од Синдикатот бараат надлежните институции навреме да преземат соодветни мерки за заштита на здравјето на работниците, особено оние кои работат на отоворено. Поради високите температури неподносливи се условите за работа во градежништвото, индустриските хали како и во текстилната индустрија.

Екипата на Сител околу 13 часот  направи кратка обиколка низ главниот град. Забележивме дека градежните работници интензивно работеа на објектите и покрај тоа што температурата надминуваше 35 степни Целзиусови. Од трудовиот инспекторат пак велат дека инспекторите се на терен и во следниот период ќе ги засилат надзорите особено кај работниците кои работат на отворено.

Од скопската брза помош велат дека топлотниот бран  веднаш го зголемил  бројот на интервенции. Зачестени се повиците поради колабирања на јавни места и  зголемен е бројот на сообраќајки во периодот од 11 до 17 часот.Расте и бројот на работници кои колабирале додека ја извршувале нивната работа на отворено.

-Бидејќи сме уште на почеток веќе почнуваат да се зголемуваат и бројките на овие работници. Од ланските бројки, бројката покажува дека е висока и мораме да апелираме кон работодавачите и работниците во теј период да не се работи, да се редовно хидрираат и раб активности да бидат пред и после овој период.

-Изминатото деноноќие имавме зголемен  број на вакви пациенти како и уназад неколку смени. Очекуваме бројката да расте и затоа бараме граѓаните да се придржуваат до препораките.

ОД УХМР најавија дека следните два дена земјава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза. Министретсвото за здравство  препорача од работни обврски да се ослободат бремените жени,  хронично болните и лицата постари од 60 години.

-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.