Loading Video...
Фудбал
16. December 2019 - 16:02

„Пеколна“ ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите

Денешната ждрепка за првата нокаут рунда во европските фудбалски купови донесе големи возбудувања, кои на терен ќе треба да се потврдат кон крајот на февруари, за кога се закажани продолженијата во Лигата на шампионите и Лига Европа. 
 
 
 
Во елитната Лига на шампиони. Во осминафиналната рунда останаа само екипи од „големата четворка“ во првенствата низ Европа, па речиси и да нема дуел кој според имињата на екипите нема да биде неизвесен. 
 
Кај Атлетико во Мадрид ќе гостува актуелниот првак Ливерпул кој минатата година титулата ја освои токму на стадионот на „јорганџиите“. 
 
Во Мадрид својата прва пресметка ќе ја имаат Реал и англискиот првак Манчестер. 
 
Наполи на Елиф Елмас ќе има тешка задача против Барселона, а интересно ќе биде и на пресметките меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ имајќи в предвид дека актуелниот тренер на „Принцовите“ Томас Тухел дојде од редовите на „Милионерите“. 
 
Челзи и Лион ќе имаат тешки задачи во дуелите со Баерн Минхен и Јувентус, а можеби нешто полесна задача им претстои на Тотенхем и Валенсија кој ќе ја имаат улогата на благи фаворити против Лајпциг и Аталанта. 
 
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 18 и19 односно 25 и 26 февруари, додека реваншите се закажани се закажани за 10 и11 односно 17 и 18 март идната година. 
 
Големото финале се игра на стадионот „Ататурт“ во Истанбул на 30 мај.
 
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
АТЛЕТИКО МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ 
РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ
НАПОЛИ - БАРСЕЛОНА
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ПСЖ
ЧЕЛСИ - БАЕРН МИНХЕН
ЛИОН - ЈУВЕНТУС
ТОТЕНХЕМ - ЛАЈПЦИГ
АТАЛАНТА - ВАЛЕНСИЈА