Loading Video...
Ракомет
5. November 2018 - 16:30

Пеколен ритам за Металург, во пет дена три натпревари

За ракометарите на Металург пак, нема многу време за анализи и одмор. Во пет дена тие ќе одиграат три натпревраи. Веќе в среда ја пречекуваат Стеауа во дуел од СЕХА лига, а ден подоцна играат против Спортинг Лисабон во ЛШ. 
 
„Ретка можност да подготвам два натпревари еден по друг, до сега во мојата кариера ми се нема случено ова. Денеска ќе почнеме со анализа на последниот натпревар. Не знам со каков состав ќе дојде Стеауа во Скопје, најавија дека ќе дојдат со втор состав, не знам за кои играчи да се подготвуваме. Овој дуел и СЕХА лигата е многу важен, младите играчи добиваат на шанса, се стекнуваат со меѓународно искуство. Шансите се 50-50 ако одиграме како вчера, ќе имаме шанси“, изјави тренерот Данило Брестовац. 
 
А,еден од оние кои треба да го стегнат искуството е младиот Филип Арсеновски.
 
„Ретка можност во пет дена да играме три меча. Се подготвуваме одлично, со новите засилувања кои се вклучија во системот што го наметнува тренерот. Одиме чекор по чекор и се надеваме на победа“, истакна Арсеновски.
 
Натпреварот меѓу Металург - Стеауа се игра во среда со почеток во 17:15 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ каде ден подоцна гостува Спортинг Лисабон во дуел од Лигата на шампиони.