Пекинг ги продолжи рестриктивните анти-ковид мерки
Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи повторно се зголеми бројот на случаи на коронавирус во кинескиот главен град.
Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони жители се под различни нивоа на блокада веќе два месеци.
Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.
Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта.
И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора се повеќе и повеќе.
Шангај објави дека 480.000 луѓе сè уште се изолирани во своите домови, додека 1,6 милиони луѓе можат да се движат низ нивното соседство, а 21,2 милиони се под полесни рестриктивни мерки.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово