Пекинг ги поништи мандатите на двајца пратеници во Парламентот на Хонг Конг
Кинеските власти денеска им го поништија мандатот на двајца пратеници во Парламентот на автономната административна област Хонг Конг, поради „непримерно полагање заклетва при инаугурацијата“.
Пратениците Сикстус Леунг и Јау Ваи-чинг, инаку истакнати приврзаници на идејата за независност на Хонг Конг, при заклетвата одбиле да изразат лојалност кон Пекинг. Повикувајќи се на законите што важат за Хонг Конг, кинеските власти одлучија дека тие не можат да стапат на должност, јави Хсинхуа.
Во хонгконшкиот Парламент веќе неколку седмици владее хаос, а вчера имаше и протести и судири со полицијата.
Леунг и Јау доаѓаат од партијата Младешка инспирација, која произлезе од продемократските протести од 2014. Откако претходно годинава беа избрани на парламентарните избори, тие неколкупати полагаа заклетва, секојпат менувајќи ги зборовите, со што таа беше птогласувана за неважечка.
Иако официјален Пекинг не ги пречекори законските рамки, многу жители на Хонг Конг ја сметаат оцаа постапка на кинеските власти за најдрастична и најавторитарна досега.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците