Џет-Сет
9. August 2018 - 12:54

Пејачката во шок за семејната трагедија: Гоца Тржан неутешна за убиството, тој ни на мравка не би згазнал

Шеесет и шест годишниот Митар Вуковиќ од Нови Сад го убил 28-годишниот Марио Тртиќ од Ѓурѓева, венчан кум на српската пејачка Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Рашо.

Како што пишуваат српските медиуми, по пријавата од семејството дека Марио долго го нема, полицијата тргнала во потрага.

По претрес во неколку куќи, дошле до куќата на Мирко и воочиле мопед.

- На терасата од куќата, полицијата пронајде две безживотни тела. Се претпоставува дека Митар прво го буил Марио, па потоа извршил самоубиство. На терасата имаше многу чаури, на сите страни – вели извор од Министерството за внатрешни работи во Србија.

Никола, таткото на Марио и убиецот Митар често се дружеле и седеле во пицеријата која е во сопственост на чичкото на Марио.

Сите во селото се убидени дека ова убиство е само одмазда од страна на Митар кон Никола, а дека Марио е само колатерална штета.