Џет-Сет
27. December 2017 - 23:10

Пејачката со емотивна порака ја разнежни јавноста: Сега знам дека животот е убав

Сопружниците и колеги Милена Вучиќ и Никола Буровац на 27 октомври годинава се остварија во најважната животна улога, кога на свет дојде нивниот прв наследник, синот Никша.

Колку уживаат во родителството гордата мајка секојдневно го споделува со фановите на социјалните мрежи, а последната фотографија привлече посебно внимание и ги разнежни многубројните фанови.

-Пред точно два месеци сонце ни се всели во срцето, душата и домот. Животот е убав, сега знам, напиша пејачката покрај фотографијата на која позира со својот син.