Пејачката Шерил Кол очекува дете
Пејачка Шерил Кол првпат се појави во јавноста, откако се појавија гласини дека е бремена, но наместо тие да прекинат, таа дополнително ги разгоре.
Имено, убавата Британка на настан во Париз се појави во тесен црн костум преку кој се наѕираше трудничко стомаче, но секако Шерил ниту ги потврди, ниту ги отфрли написите за нејзината бременост.
По оваа нејзино појавување ваквите гласини дополнително се зголемија, особено ако се има предвид дека пејачката секогаш водеше грижа за својот изглед, беспрекорна линија и рамен стомак.
На ова се надоврза и информацијата дека нејзината мајка пред неколку дена „била фатена“ како купува перница за трудници.
Кога станува збор за таткото на детето, таблоидите тврдат дека тоа е 23-годишниот член на групата „Уан Дирекшн“, Лиам Пејн, кој од Шерил е помлад десет години.
Тие се заедно од декември 2015 година, иако се познаваат уште од далечната 2008 година, кога Лиам зачекори на сцената во шоуто „Икс Фактор“, каде Шерил беше една од судиите. Но, тогаш Лиам имаше само 15 години.
Шерил зад себе има два брака, со фудбалерот Eшли Кол, кој наводно ја изневерувал „на сите страни“ и со францускиот бизнисмен Жан Бернар Фернандез, со кого „издржа“ само 18 месеци.
Дополнително гласините за бременоста на Шерил ги разгоре и самиот Лиам, кога на Твитер напиша: „Најсреќен човек на светот“.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.