Џет-Сет
7. December 2016 - 13:20

Пејачката на Гранд призна дека ќе ја менува верата

Пејачката на групата "Министарке", убавата и сексипилна Едита Хајрадиновиќ, поради љубов ќе се откаже од Исламот и ќе се венча во црква. Таа веќе одреден период ужива во врската со студентот Огнен, а за Информер, вели дека би преминале во христијанската вера токму поради него.
 
- Свесна сум дека кога ќе помине време и ќе треба да се земеме ќе треба да ја променам верата. Ќе преминам во православие и ќе се омажам во црква. Не ми е проблем да ја променам верата за она што го сакам, вели пејачката.
 
Додава дека дали е венчавката во џамија или црква не е важно, важно е дали има љубов и разбирање.
 
Исто така, Едита додава и дека никој нема право да ја осудува поради одлуката.