Џет-Сет
14. October 2015 - 15:15

Пејачката која го победи ракот открива: Халид Бешлиќ и Саша Матиќ ми обезбедија...

Босанската пејачка Дона Арес неодамна ги израдува фановите дека после тешката борба, конечно го победила ракот. Пејачката открила кои колеги и помогнале во неволјата и и пружиле финасиска помош.

- Финасиски многу ми помогнаа, а најмногу Халид Бешлиќ и Осман Хадџиќ, кои веднаш ми се јавија. Јас не можев да работам во тој период, а за мојот лек се собираше пари, раскажува Дона и продолжува: 

Првата терапија чинеше околу 2,500 евра, а потоа преку некои фармацевски куќи, добивав попуст и8 плаќав по 1.500. И тоа е многу голема цифра кога не работиш, а морав да ги плаќам и инфузиите, храната. 

Пејачакта открива кои колеги се понудиле за помош.

- Саша Матиќ ми обезбеди некои скапи лекови. Свој допринос дадоа и Маја Беровиќ и фудбалерот Един Џеко. Во морална смисла најмногу ме поддржа Карлеуша. Многу ми значеше кога Драгана Катиќ во една емисија изјавила дека ме сака и да се држам, а тогаш се распаѓав, бидејќи бев во најлоша фаза. Ми помогнаа тие убави зборови и секоја убава мисла, не само пари.