Џет-Сет
12. September 2017 - 21:47

Пејачката ги наполни батериите: Драгана ужива на село

Драгана Мирковиќ паузата меѓу летната и есенската турнеја ја искористи за да се одмори со семејството на езерото Носидлер, кое се наоѓа на границата меѓу Австрија и Унгарија.

Таа помина неколку дена во природа и селско опкружување, а овој краткотраен одмор добро и дојде зошто веќе од петок, 15 септември ја очекува концерт во Сомбор.

-Го искористивме убавото време да уживаме и да ги наполнам батериите пред бројните деловни обврски кои ме очекуваат на есен. Езерото е преубаво, целиот крај е заштитен со закон, а опкружувањето е препознатливо по тоа што сите куќи на оџаците имаат гнезда со штркови.

Навистина се изгледа идилично - опиша пејачката, која неодамна сними и нов спот за песната „Идемо јако“ чија премиера се очекува по спектаклот во Сомбор.