-->
-->
Пехчево ќе гради типска населба преку „Купи куќа купи стан“
-->
Пехчево се подготвува за изградба на типска населба согласно владиниот проект „Купи куќа купи стан“. Според градоначалникот Игор Поповски, општината планира да подготви 100 плацови.
- Во моментов разгледуваме три локации кои се со површина од пет хектари. Откако ќе одлучиме каде ќе ја градиме населбата, ќе изработиме ДУП и со поддршка на Владата ќе ја изградиме комплетната инфраструктура, истакна Поповски.
Според него, огласот за плацовите ќе оди јавно и ќе можат и други заинтересирани граѓани да купат, но младите што ќе одлучат овде да градат куќа ќе ги користат бенефициите што ги дава проектот. - Тоа е уште една причина да ги задржиме младите во родното место, рече Поповски.
Цета на прокетот е младите парови да добијат евтина локација и ниски комуналии. Цената на комуналиите за овие населби е две евра/квадрат, а почетата цена за земјиштето едно евро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто