Македонија
10. February 2016 - 10:06

Пехчево ќе гради типска населба преку „Купи куќа купи стан“

Пехчево се подготвува за изградба на типска населба согласно владиниот проект „Купи куќа купи стан“. Според градоначалникот Игор Поповски, општината планира да подготви 100 плацови.
 
- Во моментов разгледуваме три локации кои се со површина од пет хектари. Откако ќе одлучиме каде ќе ја градиме населбата, ќе изработиме ДУП и со поддршка на Владата ќе ја изградиме комплетната инфраструктура, истакна Поповски.
 
Според него, огласот за плацовите ќе оди јавно и ќе можат и други заинтересирани граѓани да купат, но младите што ќе одлучат овде да градат куќа ќе ги користат бенефициите што ги дава проектот. - Тоа е уште една причина да ги задржиме младите во родното место, рече Поповски.
 
Цета на прокетот е младите парови да добијат евтина локација и ниски комуналии. Цената на комуналиите за овие населби е две евра/квадрат, а почетата цена за земјиштето едно евро.