Фудбал
25. May 2017 - 7:52

Пехарот во Лига Европа за Манчестер Јунајтед

Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа победи во финалето од Лигата Европа и со тоа го освои трофејот во Лигата Европа и на 8.август во Скопје ќе игра во Супер купот на УЕФА. Во финалето Манчестер Јунајтед го победи Ајакс со 2:0, со многу мудра тактика поставена од Жозе Мурињо.
Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигна Пол Погба во 18.минута и Хенрик Мхитарјан во 48.минута.
Премиелигашот Манчестер Јунајтед на овој начин обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона бидејќи во Премиер лигата го освоија шестото место. Воедно Манчестер Јунајтед е вкупно петата екипа која има освоено пехар во сите европски натпреварувања, а тоа претходно го имаа направено: Баерн, Јувентус, Челзи и Ајакс.