Живот
2. October 2015 - 10:37

Пеењето со пријатели или во хор ја намалува анксиозноста

Заедничкото пеење има неверојатна исцелителна сила за ментално здравје, покажа најновата студија од Унверзитетот Абант Изет Бајсал во Турција.

Една група луѓесе согласиле заеднички да пејат еден час во хор, додека друга група не правеле ништо посебно. Истражувачите го мереле нивото на анксиозност и нивото на ензимот амилазе, кој често се користи како маркер за воспаленија.

Кај оние кои се пријавиле за пеење, научниците откриле намалување на нервозата и вознемиреноста, додека луѓето во контролната група искусиле повеќе анксиозност и негативни ефекти пред и по периодот од еден час, пишува Хафингтон пост.

Претходните истражувања откриле дека пеењето во хор не е поврзано само со психичкото, туку и со физичкото здравје, се покачува нивото на кислородот во крвта, се намалува стресот и се подобрува здравјето во целина. Исто така, пеењето придонесува за подобра концентрација и ја подобрува работата и го зајакнува чувството на заедништво.