Фудбал
12. July 2015 - 13:36

Педро за 30 милиони во Челзи?!

Шпанските медиуми пишуваат дека еден од ексклузивните трансфери во наредните денови би можел да биде преминот на фудбалерот на Барселона, Педро во редовите на Челзи. 

Иако сеуште нема официјална понуда се говори дека Мурињо засега го испитува пулсот на Педро и доколку тој се согласи ќе достави официјална понуда од 30 милиони евра. 
Педро целата сезона ја мина во Барселона каде за 7 години освои 5 титули и 3 купа на Шпанија.