Loading Video...
Свет
3. January 2020 - 17:11

Педро Санчез повторно ќе биде премиер на Шпанија

Педро Санчез повторно ќе биде премиер на Шпанија. Тој  доби поддршка од каталонските сепаристи за формирање коалициона влада- партија која бара отцепување на Каталонија од Шпанија. Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез на изборите во ноември доби 120 пратеници од вкупно 350 места. Но не доволно за самостојно да формира влада. Освен со левичарската Унидас Подемос, Санчез преговараше и со каталоснките сепаристи, кои вчера одлучија 13 пратениците да не гласаат  со што му овозможија на Санчез да формира влада.

Првиот круг од гласањето ќе се одржи во недела на 5 а вториот на 7 јануари.