Македонија
28. September 2022 - 12:21

Педијатри од Струга ќе ротираат во Охрид, во градот се уште нема кој да се грижи за најмалите

Доктори педијатри од Струга ќе ротираат во детското одделение во Охрид. За да се обезбеди зајакнување во педијатријата преку специјализациите се очекува да се надмине ваквата состојба на подолг рок најави министерот за здравство Сали. Охридската болница се уште е без детско одделение поради недостиг од педијатри моментално функционира само детската амбуланта па така за хоспитализација и преглед во ноќните часови, викендите и празниците граѓаните се приморани болните деца да ги носат во Струга.

Недостиг од педијатри има не само во Охрид туку во целата држава бидејќи изминатите години не се водело сметка кој кога ќе оди во пензија за да се обезбедат нови кадри.

Во Охрид 80 посто и од матичните педијатри се пред пензија а слична е состојбата и во Струга.

Најголемиот туристички центар во земјава, остана без болничко лекување за најмладите пациенти лани во ноември.