Свет
8. August 2017 - 10:28

Педесет и едно лица повредено во налет на тајфун во Јапонија

Најмалку 51 лице е повредено во Јапонија во налет на тајфунот „Нора“, проследен со поројни дождови, што предизвика поплави.

Откако во понеделникот ги погоди западните делови на земјата, тајфунот проследен со ветер, кој достигна брзина и до 108 километри на час, сега го погоди островот Хоншу. 

Метеоролозите истакнуваат дека тајфунот се поместува кон североисток.

Во налетот на тајфунот се поплавени и уништени голем број куќи.