Балкан
4. February 2020 - 13:51

Пецас: Се надеваме дека до следниот Европски совет ќе имаме подобра разврска за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Надеж дека разговорите на европско ниво ќе доведат до подобра разврска за европската перспектива на Западен Балкан во пресрет на Самитот на ЕУ следниот месец, изрази заменикот министер под премиерот и портпарол на грчата влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговрајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, во однос на француската позиција по минатонеделната средба Макрон -Мицотакис.

-Се надеваме дека полека со сите разговори што се водат на европско ниво, во пресрет на Европскиот совет во март ќе имаме подобра разврска за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, рече Пецас.

Како што минатата недела најави портпарол на грчката Влада, но и како што самиот претседател на Франција, Емануел Макрон, кусо спомена на прес конференцијата, на средбата со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во средата во Париз, на агендата разговори било и проширувањето на ЕУ.