Балкан
17. September 2019 - 13:43

Пецас: Не може да има раздвојување на европскиот процес на Северна Македонија и Албанија

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека не може да има раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од дискусиите во Европа она што го сфаќаме и од она што го гледаме и ние, наша позиција е дека не може да има раздвојување, рече Пецас одговарајќи на прашањето „дали дискусијата за Западеен Балкан вклучува и раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија од Албанија”.