Пецас: Целосно сме подготвени да ги примиме туристите
Од 1 јули се отвораат сите аеродроми во земјата за летови од странство и целосно сме подготвени да ги примиме посетителите. Бараме поголем дел од јасно помалата пита и испраќаме порака за пријатно лето во безбедна земја, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Пецас објасни дека здравствените служби и цивилната заштита ги преземаат сите неопходни мерки за безбедност и заштита на здравјето на вработените во туристичкиот сектор, на жителите на туристичките дестинации, како и на туристите и истакна дека за „нема отстапки за прашањата што се однесуваат на јавното здравје и човечкиот живот“.
Во однос на зголемениот број случаи на Ковид-19 во одредени делови на Грција, каде што се појавија жаришта, портпаролот на грчката Влада објасни дека тие се подготвени брзо да реагираат на локално ниво, онаму каде што е потребно.
-Доколку е потребно, решително и брзо ќе интервенираме за да избегнеме ширење во општеството. Со иста внимателност ќе бидеме и за можните увезени случаи од летови од странство. Целта е брзо да се изолираат таков вид случаи, без разлика дали доаѓаат од надвор или се однесуваат на локални жаришта, за да избегнеме ширење во општеството, рече Пецас.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи