ПЦР тест за влез во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ
Од државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава од денеска ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја. Воедно треба да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.
Ова го одлучи Владата на вчерашната седница по предлогот што вчера изутрината го донесе Комисијата за здравство по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во овие четири земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во тие земји.
-Оваа наша одлука и препорака се должи исклучиво врз основа на податоците коишто ги собиравме изминатите денови, а коишто ни ја прикажаа вистинската епидемилошка слика во сите овие земји за која што ние сметаме дека е многу полоша од нашата во овој момент, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче кој беше на симулација на безбедно гласање во организација на ДИК.
Оваа мерка, истакна тој, важи само за граѓаните на овие земји заради тоа што сега во овој момент има многу поголем број заболени и нашите граѓани може да заболат од коронавирусот. Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка