Пцовки, лупање по маса во Белата куќа: Познатиот рапер дојде кај Трамп и му кажа се в лице
Раперот Канје Вест вчера во Белата куќа имал настап којшто ќе се памети, пренесува АП. Вест се сретнал со Доналд Трамп во Белата куќа, каде рекол дека поради Трамп се чувствува како Супермен.
Со пцовки, раперот жестоко зборувал за социјалните прашања, психичкото здравје, за своето биполарно нарушување, политиката, авионите на водород… Музичарот во текот на посетата вниманието од Трамп го свртел на себе, а поздравувајќи се со претседателот му пришол и да го прегрне – надреална сцена дури и по стандардите на неконвенционалната Бела куќа, оценува АП.
„Го сакам овој тип“, рекол Вест и го прегрнал Трамп.
Своите ставови дополнително ги потпкрепил со трескање по масата, а во еден момент Канје го прогласил за херој американскиот претседател.
Во Белата куќа раперот отишол со качкет на којшто пишува „Да ја направиме Америка повторно голема“, што беше и слоганот во претседателката трка на американскиот претседател.
– Има нешто во тоа кога ќе го ставам овој качкет на глава, поради него се чувствувам како Супермен – рекол Вест.
Трамп и Вест им се обратиле на новинарите пред ручекот кој го имале зад затворена врата.
Вест порано изјави дека не гласал на американските претседателски избори, но дека во случај да гласал, својот глас би го дал за победникот, републиканецот Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата