Џет-Сет
12. October 2018 - 9:47

Пцовки и удирање на маса во Белата куќа: Познатиот рапер влезе кај Трамп и се му кажа во лице

Раперот Канје Вест во Белата куќа имаше настап кој ќе се памети, пренесува АП.

Вест не рапуваше, но одржа опширен монолог пред претседателското бири во Овалниот кабинет, седејќи карши претседателот Доналд Трамп.

Покрај користењето пцовки, раперот жестоко говореше за социјалните прашања, психичкото здравје, политиката, авионите на водород... Музичарот во  текот на посетата вниманието од Трамп го сврти на себе, а поздравувајќи се со претседателот пријде и го гушна - надреална сцена дури и по стандардите на неконвенционалната Бела куќа, оценува АП.

Своите ставови дополнително ги поткрепил со удирање по масата на Трамп, а во еден момент американскиот претседател го прогласи за херој, додека за себе ја резервирал титулата „crazy motherfucker“.

Трамп и Вест им се обратија на новинарите пред ручекот кој го имаа зад затворени врати.

Вест и претходно изјави дека не гласал на американските претседателски избори, но и во случај да гласал, својот глас би го дал за победникот, републиканецот Доналд Трамп.

Тој тогаш го пофали „методот на комуникација“ на американскиот претседател, оценувајќи го како „многу футуристичен“.