Македонија
20. November 2023 - 13:05

Пцовки и боксови, страшна тепачка синоќа во центарот на Куманово | ВИДЕО

Тензично видео од тепачка која се случила синоќа во центарот Куманово објави порталот Скопје1. На видеото се гледа како две лица излегувајќи од бел автомобил напаѓаат други две лица во автомобил паркиран пред нивниот. Едното од лицата држи друго лице на автомобилската врата тепајќи го. Се слушаат и пцовки на албански јазик.

Не е познато зошто настанала тепачката и дали инцидентот е пријавен во полицијата.

Ново на Сител