Македонија
21. October 2020 - 14:58

Пазарна инспекција и натаму нема ингеренции да затвора локали поради непочитување на мерките

Пазарна инспекција нема ингеренции да затвора угостителски објекти, ги чекаат законските измени.

Откако ќе бидат изгласани во Собрание, ќе можат да затвораат локали и парично да ги казнуваат тие кои ќе ги прекршат здравствените протоколи.

Во последниот извештај за извршени 1183 контроли, Пазарна инспекција поднела 7 кривични пријави за угостителски објекти од кои две за организирање свадби во Тетово и Скопје а останатите 5 за непочитување на протоколите.

Повеќе на оваа тема во вестите во 16 часот.

 

Мирјана Давидовска