Бизнис
13. January 2020 - 12:47

Пазарџиите од Зелен пазар протестираа против поскапување на паркингот

Утрово сообраќајот  на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје беше блокиран, на потегот  кај  дирекцијата на Макпетрол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.