Бизнис
14. January 2020 - 16:48

Пазарџиите не се откажуваат, бараат средба со Богдановиќ

Пазарџиите повторно на улица. Поради поскапувањето на паркигот кај зелен пазар тие и денеска излегоа на протест во центарот на Градот.

Велат дека од кога се покачени цените прометот им е преполовен. Бараат средба со градоначалникот на Центар за како што велат, да се врати стариот ценовик.

Велат дека  за паркинг по цена од 70 денари никој нема да сака да дојде и да купува од нивните тезги. За образложението на ПОЦ во кое стои дека вакви мерки се превземат за да се стави крај на проблемите со паркин на жителите не е издржано.

Градоналчалникот Богдановиќ пак  посочи дека ќе ги прими на средба но не отстапува од оллуката.

Од  ПОЦ вчера преку соопштение апелираа до пазарџиите да ги прифатата новите мерки бидејќи со тоа ќе се намали хаосот во овој  дел од градот. Посочија дека Скопски пазар е тој што треба да обезбеди паркинг.

Општина Центар од минатата недела води кампања „Центар не е пакинг“. Со зголемување на цените за паркингот општината се обидува да го намали аерозагадувањето.