Бизнис
10. August 2019 - 16:57

Пазарџиите најавуваат повисоки цени поради најавите за поскап паркинг

Нови цени на затворените паркиралишта во Центар. Закупците на тезги од Зелениот пазар стравуваат дека новата цена на паркингот ќе ги принуди да ги зголемат цените на производите, а така ќе се намали бројот на купувачи.

Досега плаќаа 800, а според информациите што ги добиле, од понеделник ќе плаќаат 1.500 денари за месечен билет на паркиралиштата во околината на Зелен пазар.

Иако од Паркинзи – Центар не добивме официјален одговор. Во телефонски разговор рекоа дека новите цени се донесени на барање на жителите во околните згради. Новите цени, кои треба да стапат во сила, имаат за цел да ослободат повеќе паркинг места за жителите, бидејќи на тој начин ќе се намали бројот на автомобили на паркиралиштата.

-Ќе влијаат и на цените на производите. Затоа велам, доколку се спроведе ваква одлука ќе се нанесе голем удар на тезгаџиите. Со тоа индиректно и на самите потрошувачи, вели Маја Стојановска, закупец на тезга на Зелен Пазар.

Пазарџиите странуваат и дека цената на паркинг за еден час ќе драстичко ќе се зголеми. Велат дека тоа не смее да се дозволи зашто на тој начин ќе ги загубат купувачите. Тезгаџиите посочуваат дека во тој случај, сите ќе одат да купуваат во големите маркети, каде што има бесплатен паркинг и ќе го заобиколат Зелен Пазар.

Но, од ПОЦ уверуваат дека барем засега, цената на билет за еден час ќе остане непроменета.

Тезгаџиите се жалат и дека додека тие плаќаат данок и закупуваат тезга, низ градот на камиони се продаваат зеленчук и овошје. Токму дивите препорадавачи им ја туркаат цената, а тезгаџиите не можат да се носат со нив.

-Додека не се расчитат улиците, додека луѓево продаваат на монтажни тезги, на трактори, на коњски коли... Јас живеам во Драчево, додека да стигнам до таму 10 души со трактори, со коњски коли продаваат по 2-3 тона бостан, вели

Пазарџиите на крајот на минатата година излегоа на протести поради носењето на новиот Закон за пазари. Тогаш Власта одлучи да го одложи стапувањето во сила од почетокот на следната година и во меѓувреме да се преговара за измени на Законот. Но, од разговорот со закупците на тезги дознаваме дека преговорите тапкаат во место.