Македонија
12. May 2018 - 16:30

Пазарџиите и денеска го блокираа булеварот кај Бит Пазар - најавуваат секојдневни блокади, градот Скопје молчи

Целодневни блокади на крстосници најавуваат пазарџиите од Бит-пазар.. Велат дека ниту градските ниту локалните власти се интересирале за проблемот.. Прашуваат каде да ги постават тезгите..

Од градот Скопје денеска не одговорија колку слободни тезги има во пазарот.. Повторија дека не дозволуваат узурпација на тротоарите..

Пазарџиите пак нудат свој план за проблемот..

Трет ден пазарџиите го блокираат булеварот пред Бит-пазар..

Ќе протестираат и утре.