Loading Video...
Спорт плус
5. October 2019 - 14:52

Павлов ќе се бори во финалето на Премиер лигата во Москва

Двократниот европски првак, Емил Павлов обезбеди финале на карете турнирот од Премиер лигата што се одржува во Москва. 

На патот до финалето Павлов стигна со пет победи, меѓу нив и против двајца светски шампиони, а после третиот триумф се здобил и скршеница на палецот на раката, повреда кога големиот борец не го откажа, напротив уште повеќе го мотивира. 

Павлов за противник во финалето, кое на програмата е утре (недела) ќе го има Турчинот Ерај Самдан. 

Покрај борбата за златниот медал, сигурно многу поважни се собраните бодови од турнирот, со кои Павлов се бори за настапот на ЛОИ во Токио идната година.