Loading Video...
Спорт плус
27. December 2018 - 18:59

Павлов и Ристовска спортисти на Македонија во 2018г.

Агенцијата за млади и спорт ги прогласи најдобрите во 2018-тата година.Трофеите им припадна на каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска.  Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов  го напуштил демонстративно  хотелот Александар Палас поради  двојазичноста на манифестацијата.    

Европскиот првак во карате борби, штипјанецот Емил Павлов ја освои наградата во силната конкуренција како најдобар спортист во Македонија, признание што му го додели  Премиерот  Зоран Заев.

Ракометарката Сара Ристовска  беше учесник на завршниот фајнал фор во Лигата на шампионите со екипата на Вардар со што освои најмногу гласови во женска конкуренција.

Кире Лазаров капитенот на ракометната репрезентација на Македонија е најдобар македонски спортист во странство а најдобри екипи се ракометните репрезентации додека Оливера Наковска – Бикова доби награда за најдобар спортист со инвалидитет.

Доделени беа и голем број други награди.      Освојувачот на ланското признание на спортист на Македонија,  Стојанче Стоилов демонстративно ја напуштил салата поради двојазичноста на манифестацијата и обраќањето на дел од наградените спортисти на албански јазик.  Се чувствувам посрамено и понижено напиша на твитер  македонскиот репрезентативец