Loading Video...
Спорт плус
29. March 2019 - 15:04

Павлов и Јованоска со шанси за бронзен медал на ЕП

Македонските каратисти кои настапуваат на ЕП во Шпанија, засега имаат шанса да донесат два медали 
 
Емил Павлов и Пулексенија Јованоска ќе се бори за бронзениот медал на 54-тото Европско првенство што се одржува во Гвадалахара, Шпанија. 
 
Европскиот првак Павлов, заслужи и финале, но откако ги доби првите три борби, во полуфиналето по грешка на судиите не успеа да го мине рускиот каратист, па утре ќе мора да се задоволи со борба за бронзениот медал. 
 
Иста шанса ќе има и Пулексенија Јованоска која ги мина првите три кола во кати, па утре ќе се обиде и таа да стигне до бронзата. 
 
Денеска на шампионатот на кој настапуваат 508 каратисти од 51 земја, на програмата се борбите во екипна конкуренција, на кои нашите во двете конкуренции ќе настапат во борби.