Павлопулос се надева дека изборите ќе ги оправдаат очекувањата на Грција
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, изрази надеж дека резултатот од денешните предвремени парламентарни избори ќе ги оправда очекувањата на граѓаните.
Тој, како што јави дописникот на МИА од Атина, исто така изрази уверување дека целиот изборен процес ќе помине на начин кој е во согласност со демократската традиција на Грција и квалитетот на демократијата во земјата.
- Посакувам и се надевам дека резултатите од изборите ќе ги оправдаат огромните жртви на нашиот народ, а особено на нашата младина во една Европа која конечно ќе сфати дека човекот е нејзина клучна величина, рече Павлопулос за време на гласањето во Атина.
Вкупно девет милиони и 837 илјади Грци денеска гласаат на вторните предвремени парламентарни избори годинава.
Во изборната трка учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои се натпреваруваат за 300 места во грчкиот парламент.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот