Павлопулос: Нема преговори за ветото за Македонија
Грчкиот претседателот Прокопис Павлопулос порача дека нема да се преговара за ветото за Македонија.
Тој на церемонијата во местото Негуш, гратче на северот на земјата, уште еднаш повтори дека Грција веќе стави вето на интеграцијата на ФИРОМ за влез во Европската унија и во НАТО и дека за тоа не може да се преговара.
По церемонијата на грчката војска тој изјави дека ветото останува се додека ФИРОМ инсистира на погрешното толкување на историјата и ја присвојува грчката историја.
Станува збор за цинични фалсификатори на Грчката историја, кои се однесуваат како во тоталитарни режими за што пример беше варварското однесување кон мигрантите, не можат да се претставуваат дека се пријатели на Грција, изјави Павлопулос кој во близина на Негуш ги посети гробниците на античките Македонци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати