Балкан
24. August 2017 - 21:48

Павлопулос: Грција мора да го штити Кипар

 

Грција мора да го штити Кипар и неговиот суверенитет, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. 

- Што и да правиме за Кипар, не го правиме тоа само за островот туку и поради тоа што е член на Европската унија, наведе Павлопулос. 

- Намалувањето на кипарскиот суверенитет, значи и намалување на суверенитетот на ЕУ и тоа на ниту еден начин не е прифатливо, истакна грчкиот претседател. 

Тој додаде дека, солидарноста „е основа на што се темели нашата заедничка европска структура“ и оти без тоа „Европа не може да оди напрад“.