Македонија
11. October 2018 - 16:21

Павлопулос: Без уставни промени нема влез во НАТО

Само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ. Ова го истакна грчкиот претстедател Прокопис Павлопулос на средбата со неговиот германски колега, Франк Валтер Штајнмаер во Атина.

Павлопулос истакна дека Атина се стреми кон пријателски и добрососедски односи, но, само под еден предуслов

Шефот на германската држава го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, но и изрази жалење за резултатот од референдумот. Сепак, како што вели, се надева дека напорот да се постигне овој Договор нема да биде залуден.

Штајнмаер се сретна и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој оцени дека Договорот од Преспа е модел на разбирање и взаемно почитување на два народи.

Грчкиот премиер говорејќи за соработката и иницијативите на Грција во поширокиот регион, го спомена договорот од Преспа како модел за разбирање меѓу два народи.