Бизнис
29. September 2020 - 17:24

Паушал за парно греење за становите во кои времено не живее никој

За становите во кои времено не живее никој повеќе нема да се плаќаат цели сметки за парно, туку само паушал. Според новите правила за снабдување со топлинска енергија на овие потрошувачи ќе им се дозволи да се исклучат од системот, а на крајот на грејната сеозна ќе треба да достават сметка за струја како доказ дека во станот подолго време не живее никој.

- Се соочивме со фактот дека одреден број не се присутни во становите и ја воведовме оваа опција да бидат исклучени во текот на грејната сеозна ќе мора да достават сметка за струја дека реално не се живеело и не се користело парно, вели Бисломовски.

Грејната сезона наместо на 15. може да почне на први октомври, но тоа ќе зависи од  временските услови.

Во новата грејна сезона радијаторите на потрошувачите од Аеродром, Кисела Вода, Дебар Маало и Карпош ќе бидат топли уште во 6 часот наутро.

Се забележува и зголемен број на приклучени на системот, особено на топаната Скопје Север каде изминативе години доста граѓани се исклучија од мрежата. Во следниот период се очекува да биде готов и новиот закон за градба со кој инвеститорот без приклучок на парно нема да смее да гради.

Во моментов градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.