Балкан
15. January 2017 - 18:51

Патрушев: Во НАТО со сила се вовлекуваат Црна Гора, БиХ и Македонија

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев денеска изјави дека е поставен постојан курс за натамошна експанзија на НАТО, со што се настојува насила во Алијансата да бидат вовлечени Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.

Во интервју за „Росискаја газета“, Патрушев рече дека постојат континуирани напори да се разместат елементи на американскиот глобален нуклеарен штит во Америка и американскиот антиракетен систем во Јужна Кореја, пренесува ТАСС.

- Консолидираните напори на Западот, меѓу другото, насочени се на подривање на процесот на интеграција со учество на нашите земји, девалвација на идејата `руски свет` во целина, што ја загрозува безбедноста не само на Русија, туку и на одреден број земји, рече Патрушев.