Балкан
8. September 2020 - 17:16

Патријарх Иринеј: СПЦ единствено ќе прифати договор во кој Косово е дел од Србија

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј изјави денеска дека единствениот договор што СПЦ го прифаќа е оној во кој Косово е дел од Србија.

– Тоа е апсолутно ставот на Црквата и таму ништо не е променето. Ние сепак ќе видиме во кој правец се одвиваат преговорите меѓу српската и албанската страна, сè уште се запознаваме со ова материјата, изјави патријархот Иринеј за „Нова.рс“, коментирајќи ги преговорите кои претходните денови се одвиваа меѓу Белград и Приштина.

Тој истакна дека Српската православна црква ќе се вклучи во преговорите за Косово, доколку добијат покана.

– Ако некој нè покани и ни даде шанса, ние ќе се вклучиме во разговорите за Косово. Во спротивно, сигурно ќе го следиме напредокот на преговарачкиот процес, рече Иринеј.