Патот на Вардар до „фајнал-форот“ во Келн | Сител Телевизија
Loading Video...
Ракомет
22. May 2018 - 13:13

Патот на Вардар до „фајнал-форот“ во Келн

 
Во пресрет на завршниот Ф4 турнир во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ како најава го објави видеото посветено на актуелниот шампион Вардар и неговиот пат до завршницата во Келн, каде црвено-црните ќе ја бранат шампионската титулата.
 
На патот до историјата, во кој вардарци ќе се обидат да станат првиот тим кој две години во низа успевал да триумфира во Лигата на шампионите, најнапред ќе им застане тимот на Монпелје против кој ќе играат во саботното полуфинале закажано за 18 часот. 
 
Доколку успеат да го минат полуфиналниот предизвик, одново црвено-црните ден подоцна (недела) за трофејот сигурно ќе имаат француски тим, бидејќи втората полуфинална двојка ја сочинуваат Нант со Кире Лазаров и ПСЖ.