Македонија
13. February 2018 - 16:27

Патот Кочани-Делчево трет ден затворен за сообраќај поради одрони

Поради одрон, патниот правец A3, на релација Кочани – Делчево трет ден е затворен за сообраќај. Последните обилни врнежи од дожд ги активираа свлечиштата кај с. Истибања, инаку едно од најкритичните места на регионалниот патен правец, кој води до граничниот премин. Во расчистување на коловозните ленти е ангажирана механизација на ГП „Гранит“, кое е задолжено за реконструкција на делницата.

-Има одрони од карпи, тоа се некаде околу 10-тина метри, меѓутоа околу тие одрони и другите карпи беа напукнати. На лице место зборував со „Гранит“ и се договоривме овие карпи кои се напукнати да бидат минирани од нивна страна, така што во следните 3-4 дена овој патен правец ќе биде затворен.- изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

До нормализирање на состојбата и целосно расчистување на одронот, ќе се користи алтернативниот пат, Виница - Трсино - Бигла- Делчево. После секои по обилни врнежи, одроните се честа причина за прекини на сообраќајот на патот Кочани - Македонска Каменица. Затоа и „Гранит“ е ангажиран за поставување на заштитини мрежи и проширување на мостовите и патот, каде тоа го дозволува конфигурацијата на теренот. Досега се реализирани 80 % од предвидените работи.