Македонија
10. July 2015 - 8:24

Патот Кичево - Охрид кај Пресека попладне во прекин

Патниот правец Кичево - Охрид меѓу планинскиот премин Пресека и селото Врбјани денеска ќе биде во прекин од 15 до 20 минути во временскиот период од 14 до 15 часот.

Причината за прекинот е изведување на работи на овој дел од патот, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Утре на истиот патен правец само кај местото Извор повторно сообраќајот ќе биде во прекин од 15 до 20 минути во периодот од 16 до 17 часот.  

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.