Патник не можел да седи во авион, па излегол преку неговото крило
Еден патник на лет на „Рајанер“ од Лондон до Малага го изгубил трпението откако авионот останал на пистата половина час пред патниците да можат да излезат од него, па на крајот решил работите да ги преземе во свои раце.
Анонимниот патник бил снимен како излегува од вратата за итни случаи и си седи на крилото од авионот.
Снимката најпрво се појави на социјални мрежи, а набрзо за овој случај почнаа да пишуваат и светските медиуми.
Тој рекол дека сака да го напушти леталото на сопствена одговорност тврдејќи дека има напад на астма и дека итно му е потребен воздух. Откако поминал некое време на крилото од авионот, се вратил во леталото, си ги земал работите и излегол на регуларен начин.
Кога конечно сите излегле, патникот морал да и ја објасни ситуацијата и на шпанската полиција.
„Беше однесен на распит бидејќи ги прекршил правилата за безбедност, но тоа било брзо разрешено со шпанските власти“, се наведува во соопштението на „Рајанер“.
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор