Живот
1. March 2019 - 13:21

Патник фрлил парички во мотор од авион за среќа

Патник фрлил неколку монети во моторот од авион на кинеската нискобуџетна авиокомпанија „Лаки Ер“, пред да се качи на летот од Ансинг до Кунминг.

Иако фрлањето парички во моторот „за среќа“ е обичај во многу делови на светот, тоа е исклучително опасно, бидејќи ,онетите може да предизвикуваат сериозна штета, па дури и целосно откажување на моторот.

Патникот, идентификуван само како Лу, веќе доби седум дена притвор.

Поради „испадот“ на Лу, летот бик откажан, а авиокомпанијата соопшти дека паричките „предизвикале штета од 20.000 долари“, поради одлагањето на летот за 160 патници.